Борче Даскаловски е именуван за нов тренер на кошаркарскиот прволигаш Карпош Соколи. Тој две сезони беше асистент во стручниот штаб на овој клуб, а во моментов е доцент на катедрата по кошарка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ).
Даскаловски доаѓа на местото на Драган Николиќ, а претходно има работено и како прв тренер во КК Вардар.
Даскаловски како предводник го очекува голем предизвик бидејќи екипата на Карпош Соколи, која е актуелен освојувач на Купот на Македонија во новата сезона ја очекува настап и во Лигата на шампионите на ФИБА.