А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Васко Маглешов
Македонија

Дангов: Лиле Стефанова не може да го застапува „Титаник“ поради притворот на Јанева

by Васко Маглешов23/08/2019 - 10:3623/08/2019 - 13:011219
Share1

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО, адвокатот Димитар Дангов побара да биде изземена обвинителката Лиле Стефанова од застапување во предметот.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Со респект кон обвинителката Лиле Стефанова, кон која, сите во салата имаат почит, таа нема право да го застапува овој предмет“, рече Дангов и образложи дека тоа е поради правните дејствија во предметот „Рекет“.

Обвинетиот Илија Димoвски рече дека бара во предметот „Титаник“ да прекине главната расправа, до завршување на постапката во Советот на јавни обвинители и Собранието за Катица Јанева, бидејќи не е е сигурно дали други предмети на Јанева, како што рече, се инфицирани со сериозни сомнежи, рекет кон бизнисмени и уцени кон политичари.

Судијата Осман Шабани даде получасовна пауза.

Следете a1on на Youtube YouTube

Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, во овој случај обвинети се и поранешните функционери Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

СЈО ги обвини за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

sjotitanik

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он19/04/2026 - 08:51

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:2126/03/2026 - 13:28

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:24

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он22/12/2025 - 15:27

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Предраг Петровиќ26/01/2024 - 16:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто