А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Данев: Прогонуваните за 27 април не се терористи, очекуваме пратениците да бидат конструктивни за законот за амнестија

by А1он29/10/2018 - 14:2929/10/2018 - 15:25289
Share0

Игор Дурловски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски не се терористи. Не се терористи ниту вработените во Министерството за внатрешни работи, ниту останатите лица прогонувани врз основа на случувањата од 27 април. Тоа го знаеме ние, тоа го знаете и вие колеги од власта, а тоа го знае и целата македонска јавност, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Добивај вести на вибер

– Затоа почитувани од СДСМ, бидете искрени и застанете еднаш зад она што го говорите, а кое е подадена рака и од нас за помирување. Затоа ВМРО-ДПМНЕ денеска го поднесе предлог законот за амнестија на лица осомничени, обвинети или осудени за собраниските настани од 27-ми април! Предлог законот е поднесен по скратена постапка и очекуваме пратениците од власта конструктивно да учествуваат во дебатата и да покажат дека не станува збор за лажно ветување за правда и национално помирување кое самите ќе го демантираат неколку дена откако беше споменато, рече Данев.

Според него СДСМ со своето делување навистина внесува раздор, а не помирување во македонското национално ткиво.

– Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ доставува предлог закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27-ми април, со кој се предвидува и уредува начинот на ослободување од кривично гонење, запирање на поведените постапки и целосно ослободување од издржување на казната затвор, а за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела согласно чл.384 – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, согласно 386 – Насилство, согласно чл.385 – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и дело согласно чл.313 – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Со овој предлог закон се предвидува и бришење на осудата на лицата осудени заклучно со денот на влегување во сила на овој закон, рече Данев.

Како што кажа тој, предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ обезбедува правда за сите, вистинско национално помирување, наместо селективност и поделби во општеството.

– Целта е национално помирување и враќање на нормалните текови во државата. Спроведувањето на истиот не предвидува финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија или други јавни средства. Земајќи ја во предвид сложеноста на ситуацијата, законот го предлагаме во скратена постапка, како ефективно и ефикасно ќе дојде до спроведување на истиот, рече Данев.

27 aprilamnestijadanevsobranievmro-dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Горан Наумовски07/02/2026 - 09:22

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ06/02/2026 - 19:4106/02/2026 - 19:51

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:29

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Горан Наумовски29/01/2026 - 17:13

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:2526/01/2026 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен