Дамева: Судии одат на увид со возила на странки, недолично е и отвора сомнеж за пристрасност

Од:

Голем дел од судовите во Македонија во помалите градови немаат службени возила и на увид одат со такси или со приватни автомобили на странките, а тоа не само што е недолично, туку отвора сомнежи за пристрасност, заклучи членот на Судскиот совет, Весна Дамева која на седница на Советот известуваше за работната посета во Основниот суд во Кратово.

– Основен проблем за овој суд е итна и неопходна потреба од обезбедување на службено возило заради нормално функционирање на судот, особено со цел да не дозволиме кој било суд службените должности да ги извршуваат со возила на странки, како што се приморани. Одат на увид или со такси или со возило на странката, што, отвара сомнеж за пристрасност и не е долично. Во мај претседателот на судот испратил писмо до Агенцијата за управување со одземен имот и укажал на неопходноста од службено возило, но нема одговор од оваа институција – образложи Дамева.

Според Дамева, Судскиот совет нема надлежност да набавува возила, но проблемо се изложува затоа што уште пет други суда во Македонија немале службени автомобили.

Министерството за правда било запознаено со проблемот затоа што претседателот на судот пратил приговор, а потребата од набавка на возило стоела и во записникот од посетата во Кратово.

Претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев, кој работеше како координатор на кратовскиот суд рече дека ова е стар тригодишен проблем.

– Три години се обидуваме да обезбедиме возило, за жал неуспешно, а и самиот суд нема доволно средства да набави ново. Но, има можност да се добие од Агенцијата за одземен имот. Таму има нов директор, ќе го поканиме на средба во Судскиот совет во понеделник. Неколку суда немаат возила, во Радовиш, во Крушево. Ќе побараме нова можност, се надеваме директорот позитивно ќе ни возврати – рече Георгиев.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава