Дали по налог на Артан Груби и Омер Буњаку, на натпреварот меѓу Брера и Шкендија е тестирана шемата на ДУИ за создавање тензии прашува ВРЕДИ

Од:

„Продолжува деструктивното однесување на ДУИ. Од вчера во обидите да предизвикаат етнички тензии Артан Груби и неговата клика го злоупотребија ФФМ, на чие чело стои Мухамед Сејдини. Целта на криминализираното раководство на ДУИ е да се обиде да се спаси од кривична одговорност за масовна политичка корупција и да го зачува имотот стекнат со грабеж на албанскиот народ“, велат од ВРЕДИ.

„Наместо да се прават невини, ДУИ веднаш да одговорат: Дали по налог на Артан Груби и Омер Буњаку, на натпреварот меѓу ФК Брера и ФК Шкендија, во Струмица е тестирана шемата на ДУИ за создавање тензии преку инциденти на спортски настани? Дали Мухамед Сејдини, претседател на ФФМ и уапсен во предизборната кампања за купување гласови за ДУИ, свесно и со умисла избрал подобен делегат за овој натпревар, за да побара од полицијата отстранување на навивачи затоа што истакнале Албанско знаме? Дали ДУИ со шемите на Вучиќ во наредниот период планира да предизвика судир меѓу различни навивачки групи и тензии меѓу средношколци и студенти? На што се’ е подготвен Артан “Беливук”?“, прашуваат од ВЛЕН.

Апелираат до Албанците „да не наседнуваат на овие провокации“.

„ДУИ не ги штити симболите на Албанскиот национален идентитет туку го погани светото албанско знаме со стравот од одговорност за корупциските афери како Соравија, коцкарските бизниси и апашките тендери. Наша должност е да ја предупредиме јавноста и да ја гарантираме безбедноста на граѓаните. Политиката мора да биде надвор од спортот. Навивачките групи на Албанските спортски клубови се важен сегмент од спортскиот дух на општеството. Затоа, ги повикуваме во наредниот период да бидат особено внимателни да не бидат вовлечени во сценаријата на Недемократската унија за дезинтеграција“, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, велат од ДУИ

Влен: ДУИ нема свои кандидати на изборите, се надева на милоста на Села и Таравари

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

Адеми: Бараме истрага за работата на безбедносните служби од 1945 наваму и проверка на потеклото на имот на сите носители на јавни функции

ДУИ: Претстојните локални избори не се само натпревар за управување со општините, туку се политички референдум