Дали може помизерно: Крт од МРТ ја дал неизмонтираната снимка од Катица Јанева на портал

Од:

Порталот Република денеска како што објавуваат „екслузивно“ го набавиле неизмонтираниот материјал од интервјуто на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дадено за јавниот сервис.

Со тоа, порталот наведува дека била видлива „непрофесионалноста“ на новата урденичка, Санта Аргирова за која потпис ставија лидерите на четирите најголеми политички партии, како и неподготвеноста на обвинителката Јанева.

Порталот пишува дека наводно човек загрижен за непрофесионалноста на МРТ до нив го доставил целосниот материјал, иако тоа е недозволиво и се коси со сите етички и професионални стандарди.

Јасно е дека секој соговорник најчесто прави грешки и затоа материјалот се монтира, но никогаш досега ниту еден медиум не ги објавувал ваквите снимки.

Ваквата саботажа во јавниот сервис уште еднаш покажува дека не е доволно да се замени само главниот и одговорен уредник, туку и целата партиска војска на ВМРО-ДПМНЕ вработена во МРТ кои наместо да се пример за професионалните стандарди во новинарството, продолжуваат со невидено ниски и примитивни обиди да ги деволвираат новинарството и новинарите во Македонија.

Главната и одговорна уредничка мора да утврди кој ја дал снимката, а тоа е лесен процес со оглед дека прв ја има снимателот, а потоа монтажерот на материјалот.

Во „ексклузивата“ на порталот всушност и нема нешто страшно, единствено вештачки се крева фама со цел да се оцрнат имињата на Јанева и Аргирова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој