Дали Љубе Бошкоски излегува од Идризово во март?

Од:

Процесот „Ровер“ кој се води против екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски денеска беше повторно одложен, а новото рочиште е закажано за 4 март.

Кривичниот суд чека специјалната обвинителка, Катица Јанева, да се изјасни дали ќе го преземе овој случај. Таа веќе го побара предметот за случајот „Кампања“ од Основен суд 1, за делото за кое Бошкоски издржува казна, а се чека да се изјасни и за „Ровер“, за кој адвокатите и доставија материјали и за кои посочија дека е видливо дека против екс министерот се водел класичен политички процес.

Ако специјалната обвинителка одлучи да го преземе овој предмет, процесот „Ровер“ ќе почне од почеток, но со нова обвинителка, наместо досегашната Лидија Раичевиќ.

Адвокатскиот тим на Љубе Бошкоски информираше дека очекуваа тој да излезе од Идризово на почетокот на март.

Бошкоски има уште 4 месеци до излегувањето од затвор, односно до истекот на петгодишната казна, но, доколку нема политички притисоци, се очекува тој да излезе од Идризово на почетокот на март.

Според Законот за кривични санкции и куќниот ред на затворската установа Идризово, директорот има дискреционо право да му скрати 3 месеци за добро поведение, пракса што ја применува кај речиси сите затвореници.

Досега немало случај каде оваа мерка не е применета, односно на затворениците да не им се додели ова скратување на казната, што се очекува да се примени и за Бошкоски со оглед дека досега не е излезен од затворот ниту користел викенд или денови надвор од затворот.

Останатите обвинети во случајот „Ровер“ се на слобода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска