Да се зајакне улогата и заштитата на укажувачите, потребни обуки за примена на Законот

Од:

Се зголемува интересот за пријавување односно граѓаните се охрабрени да пријавуваат незаконито однесување, не само криминал и корупција. Меѓутоа, тоа не значи дека Законот за заштита на укажувачи се применува како што треба, иако е донесен во март 2016 година. Се уште постои недоволна информираност и во рамки на институциите и кај граѓаните, како и недоволна обученост како да се применува за ефективно да може да се заштити лице кое сака да поднесе пријава како укажувач.

Ова е оценката од Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл-Македонија по денешната обука за зајакнување на улогата на укажувачите во борбата против корупцијата, реализирана заедно со Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Како што информира Тасева, во Транспаренси пристигнале 17 пријави, од кои девет за приватниот и осум за јавниот сектор, а најголем број биле во однос на кршењето на работничките права. Нагласува дека граѓаните можат да пријавуваат незаконито однесување до ДКСК, МВР, Јавното обвинителство и Народниот правобранител, каде се назначени лица кои треба да работат со укажувачите. Законот за укажувачите, напомена, важи и за приватниот сектор.

Таа посочува дека се уште недоволно се прави разлика помеѓу укажувач и информант и граѓаните кои се укажувачи најчесто се соочиваат со последици затоа што недоволно се упатени и не можат да бидат заштитени ниту тие, ниту нивните блиски.

– За да се добие статус укажувач постои процедура во Законот. Лицата кои сакаат да пријават нешто треба да го применат Законот за да може тоа да се провери и понатаму да добијат статус на укажувачи. Кога зборуваме за заштита на укажувачите, тоа е за да се создаде ефективен механизам кој ќе ги заштити оние кои пријавиле, рече Тасева.

И новинарите можат да бидат укажувачи, подвлекува, но мора да ја следат законската процедура. Законот познава и јавно објавување, но доколку претходно се искористени другите можности за укажување. И пријавувањето во медиуми може да има статус доколку е запазена процедурата. Затоа потребни се обуки, појасни Тасева.

Ситуациите, како што е случајот со генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, каде се стекнати информации на некаков начин, одговори Тасева на новинарксо прашање, се уште според законот не може да се смета на укажување, доколку не се искористени другите зкаонски механизми

Билјана Ивановска, претседател на Антикорупциската комисија, информирајќи дека Ирена Поповска е овластено лице во ДКСК кое работи со укажувачи, истакна дека досега веќе се оформени пет случаи, а во фаза се други три. Од нив, два случаи веќе се во фаза на конечна разврска и наскоро ќе бидат обелоденети, информира Ивановска.

Од почетокот на функционирањето на ДКСК, истакна Ивановска, луѓето се повеќе се охрабруваат да бидат укажувачи. За јавноста таа дефинираше дека укажувач е лице кое има основани сомневања дека е настанато некакво противзаконско дело во неговата институција или има веројатност да се случи.

– По тоа укажување кај нас се оформува предмет и се истражува. Се обезбедува негова заштита, во смисла да не трпи последици, да не биде разместено на не соодветно работно место или да биде испратено во друга организациона единица…..да не му се случи нешто што ќе го загрози неговиот статус во таа организација, појасни претседателката на Антикорупција.

Би можело да ве интересира

Спасовски бара од Антикорупциска да ги истражи обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ против него

А1он

Ректорот Јанкуловски контра антикорупциската комисија: Не земам две плати, туку додаток на плата

Клиника Жан Митрев: Ја поздравуваме иницијативата на Антикорупциска, отворени сме за соработка

А1он

ВИДЕО: Беџети кривично да одговара за платформите на Матка, предложи Антикорупциската

Кристијан Ландов

На новинарите не им беше дозволено да ја следат дисциплинската постапка за инспекторот Илиевски

Васко Маглешов

Антикорупциска: Советникот Усеини не може да добие тендер за уривање дивоградби од Охрид

Кристијан Ландов