„Да растеме заедно” – хуманитарен настан

Од:

Хуманитарен настан „Да растеме заедно” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на невладината организација „Аутизам ААМК”.

Целта, како што велат организаторите, е да се помогне во едукацијата, инклузивноста и различноста на лицата со аутизам во рамките на поширокото општество.

Хуманитарниот настан „Да растеме заедно” има за цел да сузбие секаков вид дискриминација во општеството, вклучително и на лицата со аутизам. Основна цивилизациска придобивка на секое општество е секој поединец да биде почитуван и рамноправно вклучен во општествените, социјалните и едукативни процеси.

– Настанот се состои од аукција и лотарија. Во аукцијата со свои дела ќе учествуваат 15-тина уметници од Македонија, Велика Британија и Холандија. Лотаријата изобилува со разновидни награди за што се погрижија околу 30-тина индивидуалци и организаци, велат организаторите.

Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за помош на семејствата со лица со аутизам.

Би можело да ве интересира

Мехмедовиќ: Не постои релевантен доказ дека вакцини предизвикуваат аутизам

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Зоран Мијалков поднесе пријава за расистички и ксенофобични пораки за децата со аутизам против вевчанецот Србаковски

Соучениците издлабиле свастика на тинејџер со аутизам: „Такво нешто не сме виделе со децении“

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот

Ана Ололовска

Ковачевски: Владата продолжува со силна поддршка за лицата со аутизам и нетипичен развој

А1он