Да ја засилиме уште повеќе соработката, се согласија Заев и црногорскиот премиер Кривокапиќ

Од:

Премиерот Зоран Заев ја заврши работната агенда од Самитот на Западен Балкан во Виена со билатерална средба со црногорскиот премиер Кривокапиќ, информираат од Владата.

Двајцата премиери ги потенцираа извонредното пријателство меѓу двете земји и подготвеноста за безрезервна меѓусебна поддршка на сите полиња кои се од интерес на народите во Црна Гора и Северна Македонија.

Заев и Кривокапиќ изразија заложби за искористување на сите можности за интензивирање на економската соработка и за олеснување на регионалната мобилност на граѓаните, услугите и стоките.

На средбата се разговараше и за меѓусебно искористување на искуствата во секторските области од работата на Владите и институциите со цел обезбедување најбрзи и најефикасни услуги за граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?