Да ја вратиме МРТ на граѓаните

Од:

Македонската радио телевизија да се врати на граѓаните. Слободна МРТ! Ова е новата иницијатива на Фејсбук која добива на масовност.

Уредно плаќаме,ни возвраќаат со понижување!

Да му ставиме крај на ова лудило, се дел од коментарите на граѓаните кои се приклучуваат на иницијативата.

mtv-fb

МРТ подолго е цел на критики на граѓаните поради необјективното и пристрасно информирање кое беше нотирано и од ОБСЕ за време на последните избори.

Новото раководство и тимот на информативната програма ветуваа содржини и информации за сите, но сепак информативната програма на МРТ е претворена во пропагандна машинерија на партијата на власт.

МРТ не направи ниту еден објективен извештај ниту за изборите, ниту за студентските протести, а врвот на непрофесионалноста го достигна кога во студиото по обвинението за “Пуч“ повика само критичари на опозицијата за што следуваше и остро соопштение од Здруженито на новинарите на Македонија.

МРТ ја плаќаат сите граѓани, а не ВМРО-ДПМНЕ.

mtv2

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

A1on

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Ана Ололовска

Мирис на мртви мачки и расипани тоалети, МРТВ како Чернобил

Наум Локоски

ВИДЕО: Поплава во МТВ

Ана Ололовска