„Можеби носењето на маска за некои луѓе со текот на времето станува oптоварување, но факт е дека маската навистина штити,“ вели д-р Сава Пејковска од Клиниката за пулмологија и алергологија, во порака до граѓаните што на социјалните мрежи ја сподели министерот за здравство Венко Филипче.
„Мораме да бидеме упорни во почитување на мерките со цел што побргу да се победи пандемијата. Апел до колегите да бидат истрајни, упорни, постојани и храбри, да ја задржат професионалноста која досега ја покажаа, да покажат медицинска солидарност, да си помагаат едни на други. Да разменуваат најнови искуства, бидејќи само така обединети може да излеземе победници во оваа битка,” вели д-р Пејковска.