Црвенковски се сретна со Месиќ

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски денеска имаше средба со поранешниот претседател на Република Хрватска, Стипе Месиќ.

Двајцата соработници, како што се наведува во соопштението од СДСМ, размениле мислења и ставови за актуелните политички состојби во Македонија и во Хрватска, како и за земјите од регионот и ги споделиле своите досегашни искуства во однос на процесот на евро – интеграциите на двете земји.

Црвенковски ја потенцирал важноста од членството на двете земји во Европската унија што, како што нагласи, позитивно ќе влијае на унапредувањето, просперитетот и стабилноста пред се на земјите, но и воопшто на целиот регион. Како суштински елемент на евро – интеграцискиот процес на Македонија, покрај исполнувањето на задачите и спроведување и држење до предвидените европски правила, Црвенковски ги истакнал и добрите меѓуетнички односи во земјата. Посочувајќи го следниот самит на ЕУ како можност за исчекор и промена на впечатокот дека евро – инграциските процеси на Македонија се во повеќегодишна стагнација.

Месиќ истакнал дека двете земји се исправени пред голем предизвик и оти се наоѓаат во фаза на финализирање на процесот кој подразбира исполнување на зададените предуслови. Тој изразил очекување дека во периодот кој следи двете земји ќе ја добијат можноста за конечен влез во големото европското семејство. Месиќ истакнал дека обединувањето на Европа во своите вистински рамки, подразбира и треба да заврши со интеграција на земјите од Југоисточна Европа.

 

Би можело да ве интересира

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија