Црвенковски: Оваа битка е многу повеќе отколку битка помеѓу две партии

Од:

„Да, точно е, прв ја прескокнав оградата. Прв го пробив полицискиот кордон, бидејќи имаше многу шпекулации во македонската јавност, зошто тоа се случи. Во тој момент не известија дека нашите пратеници во Собранието се претепуваат и се исфрлаат надвор од собраниската сала“, вели претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски за случувањата пред собранието во понеделникот.

Што друго можевме да направиме, прашува тој, освен да се обидеме да им помогнеме. Тоа беше целта, да влеземе во Собранието, да им помогнеме на нашите колеги пратеници, кои што го бранеа уставниот поредок и демократијата во Република Македонија. Да, беше применета сила, не се жалам, бидејќи ми е јасно со кого си имаме работа, на што се се спремни, ние тоа ќе го издржиме. Оваа битка мора да се добие. Оваа битка е многу повеќе отколку битка помеѓу две партии, помеѓу власта и опозицијата, ова е битка за иднината на земјата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!