Црвенковски: Груевски во март ќе се изненади од соочувањето со народот и реалноста

Од:

„Премиерот  да се изјасни за предлогот на Филе, за Меморнадумот предложен  од грчка страна. Премиерот ќе биде изненаден од квалитетот на нашите кандидати на локалните избори, но и од соочувањето со народот и реалноста во месец март“,  рече  вечерва претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски во емисијата „Пресинг“ на ТВ Алфа.

Македонија , рече, ќе биде сведок на најголемиот собир на народот на 28-ми октомври.

„Ние сме спремни за победа и на локални и на евентуално предвремени парламентарни избори. Ние инсистираме изборното законодавство да се реформира, за да бидат барем исполнети базичните услови за фер избори. Клучно ќе биде за локалните,  кој ќе добие повеќе гласови на ниво на државата, а не кој колку места добил. Ќе му го исполниме сонот на Никола Груевски дека ќе се судрат две Македонии. Цело време, благодарение на Груевски  сме поделени, но и благодарение на него ние се обединивме“, рече лидерот на СДСМ.

Само власта знае што е преговарано за името. Факт е дека прв пат препораката се поврзува за некоја рамка за решение за името, рече Црвенковски.

„ Премиерот одбива да каже нешто за Меморандумот од грчка страна. Нема што да се анализира.Тој е на една страница. Ставот на СДСМ е дека е добро што нешто се предлага од грчка страна, но тој треба да биде отфрлен, бидејќи се предлага име со географска одредница erga omnes. Тоа ќе значи прифаќање на грчките црвени линии. Ова тактизирање за Меморандумот штетно ќе  се одрази, што е сигнал Грција да стане потврда“, посочи Црвенковски.

СДСМ, рече,  е главен гарант за добрите меѓуетниички односи. Не сум се сретнал со Мендух Тачи за да ги расчистиме  сите ставови, и во СДСМ нема антиалбански позиции. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, рече треба да останат во коалиција, се до изборите, за да ја сносат заедно одговорноста за се што и се случи на Македонија. Одговорноста вели , не беше само кај Фатмир Бесими, бидејќи Груевски застана зад него, и затоа не поднеле поединечна интерпелација за министри туку за целата Влада на Груевски.

„Ние немавме илузии дека Владата ќе падне. Сакавме само јавноста да види дека за ВМРО-ДПМНЕ и за ДУИ нема ништо свето.Единствено им е свето зачувување на фотељите. Здружено гласаа криминално-тендерската коалиција  да опстане. Театарот продолжува и по интерпелацијата“, рече Црвенковски.

На Никола Груевски, посочи,  не му беше важно за правата на бранителите. Било договорено  со Ахмети, дека ниту еден нема да предлага закони за права ниту на бранителите, ниту на ОНА,Е тоа, рече,  е популизам, тие се најголеми лажни патриоти и од македонска и од албанска страна, а сега од популизам им текна  на ВМРО-ДПМНЕ да предложи ваков закон.

Ова, укажа од владина стана државна криза, ова е опасно и штетно за целата држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите