Црвениот Крст почна со подбелба на 50-тина пакети со храна за најсиромашните граѓани од Куманово

Од:

Кумановскиот Црвен Крст почна со поделба на педесетина пакети со храна за ранливите категории граѓани од општината. Пакетите се подготвени со средства што граѓаните и локалната бизнис заедница ги донираа во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против глад, која се спроведе во средината на октомври. Волонтерите од општинската организација на Црвениот Крст собираа средства преку продажба на бонови по симболична сума,помеѓу граѓаните и фирмите.

– Со средствата кои се собрани во текот на оваа недела, како и со сопствени средства од општинската организација подготвени се пакети со храна. Овие пакети веќе се дистрибуираат до екстремно ранливите категории граѓани, семејства со болни деца, со изнемоштени повозрасни членови, на лица со пречки во развојот, вели секретарот на општинската организација, Иле Митковски.

Меѓународниот ден на борба против гладта се одджра под мотото „Помислете и на нас!”. Целта на кампањата е за да се подигне свеста за проблемот со глад и да се инспирираат граѓаните да станат солидарни со оние кои се најзагрозени.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он