Црвениот крст дели помош во поплавените подрачја

Од:

За помош во поплавените подрачја Црвениот крст на Република Македонија од сопствените стокови резерви подели 298 прехранбени пакети, 851 хигиенски пакет, 8,5 тони вода за пиење, 340 душеци, 145 кујнски сетови, 65 церади, 1.800 ќебиња, 180 пара чизми и 120 вреќи за спиење, информира денеска генералниот секретар Саит Саити.

Во реализација на акцијата биле вклучени 854 волонтери, кои на терен поминале 2.562 часа.

Во однос на активностите кои ќе се преземат идниот период, Саити рече дека ќе продолжат да ја следиме состојбата на терен.

– Разликата од поплавите и сега е само што нема вода. Ситуацијата и глетката е страшна. Луѓето допрва треба да се справат со последиците и сега им е потребна помош за да ги отстранат последиците од катастрофите, изјави Саити.

Активности, додаде, ќе им бидат дополнително зголемени, како со човечки, така и со материјални ресурси.

– Подготвени сме да им излеземе во пресрет во рамки на нашите капацитети и можности без разлика дали се човечки или материјални ресурси. Обезбедена е дополнителна помош дојдени се средствата во Црвнеиот крст. Од денеска до понеделник ќе се направат сите потребни набавки и од понеделник повторно стапуваме на терен со покривање на семејствата кои првично беа проценети дека имаат потреба од нас, но беа опслужени најпрво оние најзагрозените, рече Саити.

Истакна дека со заклучок на Влада биле задолжени она што го поседуваат, во случајот шпорети на дрва, да го дистрибуираат во Струмичкиот и Кумановскиот регион, со што ќе почнат од утре.

Дистрибуцијата на помошта во поплавените подрачја Саити ја оцени како една од поголемите и најуспешните акции.

– Бевме ефикасни и функционални. Сметам дека навремено и позитивно одговоривме за задоволување на потребите на населението, додаде генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он