Црвен крст организира вонредна крводарителска акција во Крива Паланка

Од:

Во вторник во Крива Паланка ќе се одржи вонредна крводарителска акција што ќе ја реализира Црвен крст, општинската организација Крива Паланка.

Акцијата ќе се одржи во периодот од 10 до 14 часот во спортската сала „Партизан“ на основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“, а ќе биде отворен само задниот влез од страната на училишниот двор.

–Пријавување за дарување на оваа втора вонредна акција во 2020 година ќе се врши исклучиво на телефонскиот број 070 27 22 11 или на Фејсбук профилот на Црвен крст Крива Паланка, со што пријавените дарители ќе добијат закажан термин и време за дарување. Граѓаните кои се веќе постојни крводарители, а се пристигнати од странство, нема да можат да даруваат крв, а сите дарители кои ќе бидат дел од акцијата ќе поминат засилена медицинска контрола, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Крводарителската акција во Крива Паланка ќе се реализира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ) Скопје, а на истата во целост ќе се почитуваат оперативните планови на ИТМ , Црвен крст на РСМ и заклучоците на Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка

Предраг Петровиќ

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици

Крива Паланка поднесe кривични пријави поради неспроведените решенија за одземање на добитокот

А1он

Митовски бара законски овластувања за да го реши проблемот со добитокот по улиците во Крива Паланка