А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Црвен крст: Обезбедени лекарски прегледи за мигрантите и пакети со храна

by А1он16/06/2015 - 13:07211
Share0

Црвениот крст на Република Македонија од јануари до мај оваа година реализирале 2.277 лекарски прегледи врз мигрантите сместени во прифатниот центар за странци во Гази Баба, информираше денеска на прес-конференција генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Од јануари до мај оваа година од страна на Црвениот крст, во транзитниот центар реализирани се 2.277 лекарски прегледи од кои 1.227  врз мажи, 774 жени, девет новороденчиња и седум трудници. На месечно ниво се издаваат од 6 до 9 упати на секундарно и терцијално ниво, каде се врши и транспорт на лицата до јавните здравствени институции, истакна Саити.

Додаде дека за мигрантите сместени во прифатниот центар за истиот период, обезбедени се и 450 пакети со дополнителна храна и средства за хигиена.

– Во последните две недели во сороботка со Високиот комесаријат за бегалци, Црвениот крст на Македонија обезбеди и два мобилни тимови составени од возачи и две медицински лица кои секојдневно патролираат на патот Гевгелија-Демир Капија-Неготино-Велес-Скопје, рече Саити и додаде дека на дневна основа во просек има 230 интервенции или вкупно за седум дена 1.630.

Следете a1on на Youtube YouTube

На мигрантите, покрај медицинската помош, им се дистрибуира вода, храна, пелени и ќебиња. Саити најави дека Црвениот крст за наредниот период планира зголемување на мобилните тимови од два на четири и обезбедување пакети за 4.000 мигранти, помош  од ќебиња и медицинска замозаштита, како и опрема за 200 бебиња.

Саити повика граѓаните или компаниите кои сакаат да помогнат да донираат  вода за пиење, овошје и конзервирана храна.

Во однос на активностите на Црвениот крст за справување со топлотниот бран, инфорираат дека од денеска е во функција СОС линијата 32-21-902, а 80 волонтери се присутни на терен каде делат вода, мерат крвен притисок и дистрибуираат брошури со соодветна содржина за превенција од високи температури.

Од Црвениот крст соопштија дека имаат свои екипи за спасување на базените, Аква парковите во Скопје и Пробиштип и плажите во Охрид и Струга.

crven krstmigranti

Би можело да ве интересира

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:09

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео