Црните списоци за Бугари ги иницирал Пендаровски, обвини европратеникот Ковачев

Од:

Претседателот Стево Пендаровски имал средба со службите уште во јануари и тој ги иницирал црните списоци со бугарски граѓани на кои им е забранат влез во Македонија, обвини европратеникот Андреј Ковачев во утринската емисија на телевизијата БТВ.

– Ние кога ја признавме Македонија за независна држава, бевме воодушевени дека тоа е крајот на омразата, мислевме дека со браќата и сестрите од другата страна на Вардар ќе се разбереме. Ние 25 години сме молчеле. Тие преминаа една црвна линија, се чувстуваат некомфорно за тоа дали сум бил на црните списоци или не.

Пендаровски рече дека немал проблем со мене да пие кафе, но јас имам информации дека уште во јануари годинава иницирал средба со тајните служби. Иницијатор на тие црни списоци е токму Стево Пендаровски. Тој потврди дека има списоци за бугарски граѓани. Критериум за влез е да не кажеш дека си Бугарин и да не спомнеш дека Гоце Делчев е Бугарин затоа што во спротивно ќе го негираш македонизмот.

Може да стигнеме до апсурд и да воведат декларација на граничните премини за нас за да одговориме дали сметаме дека Гоце Делчев бил Бугарин – рече Ковалев во емисијата.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Неизвесноста го засилува масовното иселување на младите

Пендаровски: Руската инвазија врз Украина ја наметна потребата ЕУ да се фокусира на интеграцијата на Западен Балкан

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Николовски: Не добивме кредибилен демант дека не се следат комуникациите на граѓаните во Македонија

А1он

Посредници од политички и безбедносни структури ургирале Пендаровски да размисли за помилување на одредени политичари

Горан Наумовски

Пендаровски: Ако за земјите од Западен Балкан се инсистира прво да ги решат билатералните спорови, тогаш ниту една нема да влезе во ЕУ

Горан Наумовски