Ковачев: Скопје нема основа да се жали на Бугарија во ЕУ за случајот со Ива Михаилова

Од:

Бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев, смета дека Македонија нема основа да се жали пред европските институции за случајот со Ива Михаилова, која и покрај судската забрана ја напушти земјата и замина во Бугарија.

Во синоќешното гостување на Бугарската национална телевизија (БНТ), Ковачев изјави дека за случајот лично ја информирал претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на состанокот на Европската народна партија (ЕПП).

„Ја информирав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за ситуацијата и сметам дека Скопје нема причина да се жали на Бугарија. Што точно направила Бугарија што е проблематично? Апсолутно ништо“, изјави Ковачев.

Тој оцени дека случајот треба да се разгледува од хуманитарен аспект, посочувајќи дека здравствената состојба на Михаилова бара итно внимание и дека таа има право на соодветна медицинска нега.

Реакцијата на бугарскиот европратеник доаѓа откако македонското Министерство за надворешни работи најави дека за заминувањето на Михаилова од земјава, и покрај судската забрана, ќе ги информира Европската Унија и Советот на Европа.

Од Министерството оценија дека постапувањето на бугарските институции во случајот ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на заложбите за развој на добрососедските односи.

Би можело да ве интересира

Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михаилова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство

Горан Наумовски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Клековски и бугарската колешка премолчано се согласиле дека случајот со Ива Михаилова е правно прашање

Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание