ЦРМ: АВМУ не ги почитува законските обврски по иницијативата за доделување дозвола за емитување

Од:

Центарот за развој на медиуми го објави вториот извештај од мониторингот на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Програмскиот совет на МРТ во 2017 година, кој го покрива периодот од 1 април до 30 септември 2017 година, односно активностите на двете институции во вториот и третиот квартал од минатата година.

Извештајот е достапен на интернет-страната на Центарот за развој на медиуми, на адреса http://mdc.org.mk/monitoring-na-rabotata-na-avmu-i-mrt-vtor-izvestaj-za-2017.

„Во тој период, медиумската заедница беше фокусирана на процесот на јавна дискусија за медиумските реформи, односно јавната дискусија за предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој е релевантна регулатива за работата и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Македонската Радио-Телевизија.

Наодите потврдуваат дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски своите редовни обврски и активности ги вршеше крајно компетентно и навремено. Во овој период продолжи трендот на поголема видливост во јавноста, и генерално вклучување на јавноста во работата на Агенцијата, што е за пофалба и не остана незабележано, судејќи според подобрената јавна перцепција за работата на регулаторното тело.

Особено треба да се пофали дека, покрај стандардно високото ниво на транспарентност и отвореност за јавноста, Агенцијата дополнително се ангажираше при редизајнирањето на нејзината интернет-страница, сите материјали да ги направи еднакво достапни и за лицата со делумно или целосно оштетен вид, како и за далтонистите.

Од друга страна, и овој извештај потврдува дека на АВМУ и недостигаат многу од потребните надлежности поврзани со суштинските прашања со кои треба да се занимава регулаторното тело во областа на аудиовизуелните медиумски услуги. Имено, тоа се прашањата на распределба на ограничен јавен ресурс – радиодифузниот дел од електромагнетниот спектар – на начин кој ќе биде фер, транспарентен и ќе обезбеди одржливост и на пазарот во целина и на индивидуалните играчи на пазарот.

Оттаму, наодите од мониторингот и анализата на соодветните документи покажуваат дека анализите на пазарот што ги подготвува АВМУ всушност се извештаи за финансиското работење на радиодифузерите. За да биде вистинска анализа на пазарот, освен податоците за финансиското работење, анализата треба да содржи и податоци за потребите на публиката, програмската понуда, интересите и потребите на огласувачите, податоци за гледаноста и слушаноста на радиодифузерите, вклучително и најпопуларните/најгледаните видови на програма.

Од друга страна, Агенцијата – односно Советот на АВМУ, во овој период одлучуваше по иницијативата за распишување на јавен конкурс за доделување на дозволи за телевизиско емитување во дигиталниот терестријален мултиплекс на национално ниво. Притоа, наодите покажуваат дека Агенцијата, го прекрши законот со одлуката да не објави јавен конкурс во случајот на иницијативата за објавување јавен конкурс за доделување дозволи за емитување во дигиталниот терестријален мултиплекс на национално ниво, поведена од четири медиумски компании.

Имено, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во член 70, став 6, на Агенцијата и дава јасна и недвосмислена инструкција дека „ќе објави“ јавен конкурс доколку се исполнети два предуслови – да постојат слободни капацитети во дигиталниот мултиплекс, и студијата да покаже дека постои потреба за доделување на дозвола за емитување. Двата предуслови беа исполнети, што значи дека Агенцијата не ги исполни јасните законски инструкции да објави јавен конкурс.

Постојаното одлагање на постапката што доведе до одлуката да не се објави јавен конкурс поради пробивање на сите рокови делумно е вина на нејасната регулатива и статус на АВМУ, односно нејзините односи со извршната и законодавната власт.Нејасниот став дали Агенцијата, иако има сопствен буџет и е воспоставена да се избегне каква било директна врска со носителите на извршната власт, мора да чека да се избере нова влада, и дали изборите треба да имаат какво било влијание врз нејзините активности, резултираше во пробивање на роковите. Кон тоа придонесоа и членовите на Советот, со непотребна материјална расправа за прашања кои во тој стадиум на постапката не беа толку значајни.

Наодите покажуваат, вклучително и фактот дека подготовката на Агенцијата не произлегува од нејзините законски надлежности или обврски, туку е иницијатива на Советот, дека сегашните овластувања и надлежности на регулаторното тело не се доволни за да обезбедат негова суверена позиција на најкомпетентен носител и спроведувач на политики во областа на аудиовизуелните медиумски услуги. Особено не во областа на регулација на пристапот на пазарот што, повторувам, би требало да е основната причина за постоење на регулаторните тела во областа на радиодифузијата, односно аудиовизуелните медиумски услуги. Оттаму, препорачуваме дека тековните активности за реформа и подобрување на законодавството ќе мора да одговорат на таквата потреба.

Во периодот кој е предмет на овој извештај, ЦРМ ја следеше работата на јавниот радиодифузен сервис, односно на Програмскиот совет на МРТ, и покрај огромните потешкотии предизвикани од нетранспарентното работење на Програмскиот совет, често спротивни на јасната законска обврска дека неговите седници се јавни.

Програмскиот совет на МРТ во овој период беше фокусиран на прашањето на длабоката финансиска криза во јавниот радиодифузен сервис што резултираше со блокирање на сметката на МРТ поради неплатени побарувања од повеќе доверители, како и со однесувањето на информативната редакција за време на настаните од 27 април 2017 година, тн. „Крвав четврток“, се вели во соопштението Центарот за развој на медиуми.

Би можело да ве интересира

Собранието донесе одлука за распишување конкурси за членови на советите на АВМУ и на МРТ

АВМУ: Информацијата како јавно добро – тема на Светскиот ден на слобода на печатот

Анализа: Медиумите во изборната кампања во 2020 година покажаа тежнеење за промоција на мажите

Ана Ололовска

АВМУ: Финансиска поддршка за надомест на средствата за дозвола за Радио и ТВ емитување

Ана Ололовска

АВМУ: Нападите врз новинарите се апсолутно неприфатливи

МАН: Собранието да ги избере новите членови во советите на МРТ и на АВМУ преку постоечкиот закон