ЦИВИЛ: Под ниво ни е да се расправаме со Бачев

Од:

„Јанко Бачев и неговата скудна дружина постојано докажуваат дека немаат никакво достоинство, кога си дозволуваат да се служат со крајно ниски и апсурдни лаги и провокации. ЦИВИЛ му порачува на Бачев и таквите како него да се освестат, бидејќи времето на цензура замина! Цензура можеше да бара кај неговиот Голем Брат кој неодамна ја доби првата, но не и последната пресуда за тешки криминални дела.

ЦИВИЛ не цензурира и не прифаќа цензура во било каков облик!

Под нивото на ЦИВИЛ е да се расправа со ваков лик, но со оглед на тоа што тој со истите, рециклирани, грди лаги упорно го добива вниманието на медиумите, имаме обврска да ја потсетиме јавноста на нашето претходно соопштение со кое веќе го демантиравме:

Наводите во соопштението на партијата Единствена Македонија се потполно невистинити и злонамерни. Премиерот Зоран Заев ја прифати поканата да биде еден од говорниците на конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“, како и секогаш, без ниедно дополнително прашање, а да не говориме за некакви условувања.

Според агендата, на конференцијата беа поканети говорнички и говорници од Владата, парламентарните политички партии, граѓанското општество и меѓународната заедница. Во вториот дел беа поканети сите други учесници кои ќе го најават своето учество, што е случај и со Јанко Бачев. Откако Бачев побара да зборува подолго отколку што беше предвидено, што му беше дозволено, тој исчезна на паузата. Да повториме, ништо не му беше забрането, туку му беше дозволено!

ЦИВИЛ и во првиот демант го повика Јанко Бачев и неговата партија да го повлечат ова апсурдно соопштение и да научат малку повеќе за политичката култура и дијалог. Воедно, ЦИВИЛ и претходно ги повика медиумите да ја консултираат и другата страна, особено кога се работи за еднострани информации и соопштенија, лишени од факти.

На Јанко Бачев и членовите на неговата приватна партија не им веруваат ни најблиските семејства. Хистеричната опседнатост со ЦИВИЛ не му оди во прилог. Тој е страден за малку внимание, тоа е сѐ што му треба. Со вакво однесување Бачев не ѝ носи ништо добро ниту на партијата, ако може така да се нарече, ниту на неговите политички и финансиски спонзори. Ништо, освен срам.

Спонзорите на Бачев треба да размислат за негова дополнителна обука, а можеби и лековита терапија во некоја руска бања. Ефектите од лекувањето во руска бања се благотворни, кожата омекнува, а болните елементи што се во телото отпаѓаат… Но, можеби е најдобро да се откажат од пропаднатата инвестиција, бидејќи ни руската бања не е чудотворна.

Да заклучиме. Крајно недостоинствено е за човек во години да се служи со подли лаги за нешто што лесно се проверува. Ова е крајно несериозно и не заслужува да се занимаваме со него. Го повикуваме Бачев да престане со овој мазохизам и да не се срамоти себе си и тие околу него. Едноставно, мора да сфати дека и да сака некој да го цензурира, нема да има што да му цензурира. Што и да каже е смешно и празно, освен што е злонамерно и хистерично.

Ние веќе нема да се занимаваме со овој случај. Безнадежен е“, се вели во реакцијата на Цивил.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска