Цивил: Ние сме Кежаровски! Слобода за Кежаровски!

Од:

„Цивил продолжува со својата борба за правда и слобода за новинарот Томислав Кежаровски. Речиси две години трае голготата на новинар кој совесно, професионално и чесно ја вршеше својата должност и ја изнесуваше вистината во јавноста. Неговите „гревови“ се храброста и професионалноста – да ги разоткрие валканите игри на структурите на моќта и институциите. Повеќе од симптоматично е што неговото спектакуларно апсење се однесува на текст напишан во 2008 година, а среде новинарска истрага за сомнителната погибија на сопственикот и главен уредник на неделникот Фокус, Никола Младенов. Текстот за кој Кежаровски е апсен, осуден и затворен се однесува на наводно заштитен сведок, што во пресудата мистериозно се преквалификува во загрозен сведок, а не бил ни едното ни другото.

Неволјата на новинарот Кежаровски и страдањето на неговото семејство се и наши! Лишувањето од слобода на нашиот сограѓанин и колега е лишување од слобода за сите нас.

Затоа, извикуваме: Ние сме Кежаровски! Слобода за Кежаровски!

Се придружуваме кон протестот против пресудата затвор на новинарот Кежаровски.  Апелираме до сите наши членови, поддржувачи и соработници, сите граѓанки и граѓани, новинари, медиумски работници и активисти да излезат на протестот утре во 12 часот пред Апелациониот суд Скопје.

Борбата за слобода на Кежаровски е и на наша лична побуна во одбрана на слободата на изразување и медиумската слобода. Најостро ја осудуваме праксата на македонското судство во овој и низа други случаи. Ваквото судство грубо ги крши човековите права и слободи и основните принципи на демократијата.

Ние сме Кежаровски! Слобода за Кежаровски“, се вели во соопштението на Цивил.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски