ЦИВИЛ ги повикува Груевски и Ахмети да се однесуваат одговорно

Од:

„Во јавноста одамна се говори дека поттикнувањето меѓуетнички судир е крајната варијанта за спас на коалицијата на партиите на Никола Груевски и Али Ахмети, особено по обелоденувањето на снимките од прислушуваните разговори од опозицијата.

Тензиите во Република Македонија во последните години се последица на дискриминаторските политики на коалицијата на власт, на кршењето на човековите права и на националистичката реторика, кои се само дел од атрибутите на нејзиното владеење“, велат во писмено соопштение од ЦИВИЛ.

„Од лидерите на двете водечки партии на власт бараме веднаш да излезат во јавност и во заедничка изјава да објаснат дали имаат контрола врз ситуацијата. Бараме да дадат гаранции дека нема да поттикнуваат понатамошни меѓуетнички тензии и да се однесуваат одговорно.

Бараме рационално објаснување за целата ситуација поврзана со наводниот напад на УЧК на македонска почва. Кој би бил мотивот на УЧК да ја нападне полициската станица во Гошинце, да малтретира полицајци, а потоа да си замине? И сето тоа во крајно сензитивен момент токму за актуелната власт во Македонија, која не понуди никаков одговор на крајно инкриминирачките снимки кои ги објави опозицијата.

Политичката и економска реалност во Република Македонија неминовно го наметнува прашањето: Дали со предизвикување нов меѓуетнички конфликт, власта ќе го заокружи повеќегодишното грубо кршење на човековите права и слободи на сите заедници во земјата?

Во 2001 година, жителите на липковско живееја во тешки услови. Денес живеат уште победно. Тоа што се случуваше таа година, Ахмети го нарекуваше борба за човекови права. Четиринаесет години подоцна, не само во липковско, туку во цела Македонија, човековите права и на Македонците и на Албанците се во далеку полоша состојба.

Не смееме да дозволиме заради интересите на малкутемина на власт да страда целата нација“, соопштуваат од ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски