ЦИВИЛ бара одговорност за масовното следење на комуникациите

Од:

На прес-конференцијата на СДСМ се изнесоа фрапантни податоци за незаконско следење на комуникацијата на над дваесет илјади граѓани во земјата.

„Денеска стана очигледно дека власта ги третира граѓан(к)ите на Македонија полошо и од криминалци и од терористи, преминувајќи ги сите граници и законски ограничувања за следење на комуникациите. Со ваквата пракса потполно се релативизира владеењето на правото и најгрубо се кршат човековите права и слободи.

ОСУДА!

Ние, ЦИВИЛ – Центар за слобода, најостро го осудуваме ваквото дрско, бескрупулозно и криминално однесување на одговорните за ова масовно прислушкување.

ОДГОВОРНОСТ!

Бараме одговорност за масовното прислушување, веднаш и без одлагање.

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара итна истрага за одговорните во оваа операција, почнувајќи од налогодавците, завршувајќи со оние што дале согласност за овие криминални постапки, вклучувајќи ги истражните органи, како и јавното обвинителство и други судски инстанци кои се огрешиле од законот и грубо ги загрозија човековите права и слободи на граѓан(к)ите во изминатите години.

ОБЈАВУВАЈТЕ!

Ги повикуваме сите медиуми да ги објавуваат материјалите кои сведочат за грубото кршење на човековите права и слободи во Македонија и да ги игнорираат заканите од каде и да доааѓаат, дали од обвинителот Зврлевски, од власта или медиумите под нејзина контрола. Нивните закани немаат правна основа. Напротив, тие претставуваат газење на Уставот и законите на Република Македонија.“, соопштуваат од Цивил.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов