Ципрас: Решението меѓу Грција и Северна Македонија е клучно за регионот

Од:

Заедно со мојот колега, Зоран Заев, успеавме да го решиме проблемот со името меѓу Грција и Северна Македонија, нешто што е особено клучно за регионот на Балканот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање во Дубровник за време на Конференцијата на иницијативата „16+1“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Сметам дека ова е многу критичен момент за светските и регионалните случувања и треба кризата да ја оставиме зад нас и да изградиме нови темели за поддршка на нашата регионална и глобална соработка.

Па така, она што ние се обидуваме да го постигнеме е да се соочиме со предизвиците како што се споровите во нашиот регион. Конкретно, неодамна, заедно со мојот колега, Зоран Заев, успеавме да го решиме проблемот со името меѓу Грција и Северна Македонија, нешто што е особено клучно за регионот на Балканот, рече Алексис Ципрас во обраќањето на Конференцијата и ги спомена, „грчките иницијативи за привлекување инвестиции во регионот“, како што е кинеската инвестиција „ Cosco“ во Пиреја и соработка за иницијативата „One Belt, One Road“.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на маргините на конференцијата била одржана и средба на премиерите на Северна Македонија, Грција и Хрватска на која станало збор за соработката меѓу трите земји.

-Според дипломатски извори, хрватскиот премиер им честиташе на Грција и Северна Македонија за Договорот од Преспа. Во овој контекст, се разговараше за соработката на Грција и Хрватска за почеток на пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ, објави АНА-МПА.

Грција оваа година прв пат учествува во Иницијативата 16+1. Претходно, причината за неучеството беше поради тоа што Кина и останатите земји учеснички ја имаа признаено Република Северна Македонија под тогашното уставно име.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ