Чулев во полициска станица повикал и други кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Од:

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, најави техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Според него, статусот на Галетановски имал недолична содржина, но не прецизираше кои елементи за кое кривично дело ги содржи.

„На подрачјето на Скопје вчера од Единицата за економски компјутерски криминал при СВР Скопје, постапено е по објави на социјалните мрежи во кои имало недолична содржина, односно истите содржеле елементи на сторено кривично дело што се гони по службена должност. Од страна на полициските службеници извршен е разговор со лицето Ѓ.Г., кој бил сопственик на профилот. Согласно информациите кои ги имам од СВР Скопје, во текот на денешниот ден ќе бидат преземени дополнителни активности, односно и други лица ќе бидат повикани на разговор, а во насока на целосно расчистување на овој, но и на други случаи по што ќе следи соодветен поднесок до ОЈО Скопје“, рече Чулев.

Инаку, Галетановски реобјави статус кој повеќемина го споделуваат на социјалните мрежи, а во него, на комичен начин се повикуваат гласачите кои сакаат да гласаат за одредена партија, да го чкртнат името „Северна“ на гласачкото ливче. Тој потоа се изјасни дека и во полициската станица кажал оти статусот бил шега.

 

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

МЕТА најави огромна промена на Фејсбук и Инстаграм: Ги укинуваме проверувачите на факти

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Чулев: Зградата на М – НАВ претставува објект од критична инфраструктура од исклучителна важност за функционирањето на државата, сторителите на делото треба да бидат најостро санкционирани

Предраг Петровиќ