(ВИДЕО) Чулев: Размислуваме да забраниме поднесување барања за пасоши поради недостигот на обрасци

Од:

Во Министерството за внатрешни работи размислуваат да забранат поднесување барања за пасоши поради недостигот од обрасци за кој техничкиот министер за внатрешни работи вели дека е веќе проблем на ниво на државата. Ја разгледуваат можноста системот да се стави вон функција одреден период поради огромниот број веќе поднесени барања на кои не може да се одговори.

„До овој момент во редовна постапка веќе има поднесено 16.500 барања за пасош. За итна постапка има поднесено 650 барања. На залиха имаме уште околу 3600/3700 обрасци за патни обрасци. Со оглед на сериозноста на проблемот контактиравме со компанијата ‘Веридос’ и со Германската амбасада , а изготвивме и информација до Владата. Баравме Владата да најде начин за надминување на состојбата со оглед на тоа што се работи веќе за проблем на ниво на држава; но не наидовиме на разбирање. Владата го врати проблемот на решавање во МВР. Ние постојано имаме средби, разгледуваме можни решенија. Размислуваме да го ставиме вон функција системот за поднесување барања. Денес ќе имаме нови обиди за наоѓање решение, ќе разговараме и за методологија која е при крај, приоритет ќе имаат здравствените случаи,таква е состојбата во моментот“, рече министерот Чулев.

Новата набавка на 100.000 обрасци за пасоши се очекува на 24 март, но Чулев вели дека успеале да издејствуваат да стигне десет дена до две недели порано.

Алармот за недостиг на обрасци за патни исправи Чулев вели дека бил кренат уште во декември.

„На шести декември минатата година во информација до министерот, тогаш Оливер Спасовски, се укажува дека на залиха има уште 88.100 обрасци за пасоши. На осми јануари оваа година мене ме информираа дека има 27.580 патни исправи и дека има сериозен недостаток на патни исправи. Повеќе од 50.000 обрасци недостасуваат за еден месец. Работиме на тоа да ја лоцираме одговорноста за овој недостаток“, рече министерот Чулев.

За недостигот од обрасци за пасоши министреот Чулев на претходните прес – конференции го обвини поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Неговиот тим при анализите на работењето утврди дека има низа пропусти во јавната набавка и сите наоди ги достави до Обвинителството.

Проблемите со издавањето на лични карти и возачки дозволи се надминати со, како што вели Чулев, „натчовечки напори“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски