Чулев призна дека сака Алексовски да биде дел од неговиот тим

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, потврди дека бара разузнавачот Синиша Алексовски, кој се споменуваше во текот на судењето за упадот во Собранието, да биде дел од неговиот кабинет во министерството.

Чулев не одговори дали според него е спорно тоа што разузнавачот Алексовски е споменуван во судскиот процес за упадот во Собранието на 27 април, од обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски. Алексовски беше посочен како лице од кабинетот на експретседателот Ѓорге Иванов кое им кажало на напаѓачите дека ќе биде прогласена воена состојба, за по рочиштето, преку претседателскиот кабинет да биде посочено дека станува збор за лажно сведочење.

„Во однос на Синиша Алексовски, да, испративме спогодба до Агенцијата за разузнавање. Но, против Синиша Алексовски не е поведена кривична постапка, ниту е обвинет во некој случај до сега. Се друго се инсинуации во медиумите, во однос на неговиот интегритет. До сега, нема кривична пријава, обвинителен акт, ниту е осуден за било какво дело“, рече Чулев пред новинарите.

Техничкиот минситер за внатрешни работи Наќе Чулев, демантираше дека барал Кирил Тодоровски, поранешен шеф на кабинетот на Гордана Јанкулоска и обвинет од СЈО во „Титаник“ за тешки изборни нерегуларности, да биде дел од неговиот кабинет. Тој вели дека таа вест е медиумски спин.

„За Кирил Тодоровски е класична лажна вест. Кирил Тодоровски нема работен статус ниту во Агенцијата за разузнавање, значи дека не можам да го превземам. Станува збор за класичен спин. За тоа, самото лице ќе си покрене постапка пред надлежните органи. Никогаш не сум имал намера да го превземам Кирил Тодоровски во Минситерството за внатрешни работи“, посочи Чулев.

Барањето за превземање на Алексовски од Агенцијата за разузнавање го спори дополнителната заменичка-министерка, Славјанка Петровска. Таа одбила да ја потпише согласноста за спогодбено превземање на Алексовски, бидејќи не била убедена во неопходноста за негово ангажирање во МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас