Чулев набавил „Ајфони“ од 86.990 денари, а правилникот на МВР дозволува до 50.000 денари

Од:

Техничкиот министер Наќе Чулев не смеел да набави телефон од 86.990 денари, како што тоа го направил неколку дена откако бил назначен на функцијата. „А1он“ дојде до Правилникот за користење на службени мобилни телефони, кој пак, покажува дека максимален износ за телефонски апарат е 50.000 денари. Ова покажува дека Чулев постапил спротивно на одредбите и го прекршил правилникот бидејќи набавил два телефони чија вкупна вредност е 173.980 денари.

„А1он“ пред седум денови испрати прашања до Чулев која е максималната вредност до која може да се набави телефони од страна на МВР за службени потреби на министерот за внатрешни работи и членовите на неговиот кабинет, но не добивме одговор. Од Кабинетот на Чулев една недела не даваат одговор ниту дали набавката на двата телефони е направена согласно Правилникот за користење на службени мобилни телефони.

Правилникот на Министерството за внатрешни работи, според категоризација одредува висина на износ до кој износ може да се набави телефонски апарат за службеници и функционери во институциите. Најнискиот износ е 6.000 денари, додека пак, највисокиот е 50.000 денари.

Инаку, „А1он“ објави дека Чулев откако бил назначен на функцијата набавил два телефони, едниот за него, а другиот за неговиот шеф на кабинет, а двата во износ од над 170 илјади денари.

Инаку, станува збор за уреди „ајфон 11 про макс“, најнов модел на телефон што го произведува компанијата „Епл“. Овој уред е достапен во три верзии, а во малопродажба може да се набави и за цена од 66.990 денари. Мобилните телефони што ги набавил Чулев се најдобрите во својата класа, односно премиум-модели на пазарот во нашата држава.

Во однос на начинот на кој се платени телефоните, минатата недела од Кабинетот на Чулев потенцираа дека министерот користел субвенција на министерството, кое пак, има договор со „Македонски Телеком“. Станува збор за пари што се доделени на МВР по претходно склучен договор, а се користат за набавка на уреди за вработените.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена