Добро бре луѓе знаете ли што браните и од кого браните?

Од:

Со повлекување на измените и дополнувањата на Законот за виското образование, со прст во уста останаа сите оние професори од контрапленумот кои без малку размислување го дадоа својот глас за играта која немаа капацитет да ја сфатат, а оние најбучните кои отидоа дури и до Претседателот на државата доколку имаат и малку доблест повеќе не треба да се појават во јавноста барем во наредниве десетина години за да ги подзаборавиме нивните гадости и бербатлуци.

Сега во слична таква ситуација сè и сите оние кои свесно или несвесно, доброволно или принудно се појавија во некакво ,,Граѓанско движење за одбрана на Македонија”. Иста шема како и со контрапленумот на професорите. На сите вести постојано се труби како уште некој ,,загрижен” се прилкучил на здружението. Мошне провидно и ефтино. Но, да ги оставиме медиумите (зошто тие и нивните сопственици брзо знаат да завртат друга страница) туку да ги запрашаме иницијаторите на ова ново лудило: Добро бре луѓе знаете ли што браните и од кого браните? Дали сте свесни што правите?.

Велите дека ова не го правите од политички побуди и од политички предрасуди, а сепак најголем дел од јавноста ве доживеа како луѓе кои нешто земале односно како луѓе кои нешто должат па се обидуваат долгот да го вратат на ваков начин!. Голем дел од граѓаните се прашуваат каков долг враќате?. Дали ова е контрауслуга за добиените функции (директори, членови на управни и надзорни одбори, членови на разни комисии и др), за исплатените високи хонорари за проекти во кои сте биле вклучени, за добиените привилегии и разни други бенефити од власта? Или се лажам!?

Јас би сакал да верувам дека ваквите размислувања произлегуваат од устата на оние кои имаат злобен јазик и дека навистина кај Вас ,,проработил” патриотизмот. Ама, ајде да Ве запрашам: Како тоа најголем број од Вас ги немаше никаде (со чест на еден од Вас кој седеше во позадината на вашето претставување во јавноста) и не реагиравте на ваков начин кога во 2001 година се бранеше државата и кога таа беше во многу поголема опасност? Тогаш не бевте загрижени за дестабилизираната држава, која беше нападнаа од терористите, кога беше загрозен територијалниот интегритет и суверенитет и кога постоеше опасност истата да ја снема!?. Не бевте загрижени за илјадниците животни судбини во тие моменти.

Исто така досега воопшто не бевте вака агилни, гласни и ,,храбри” кога коалиционеиот партнер ДУИ во повеќе наврати јавно се закануваше дека ќе ја дестабилизира државата доколку не им се удоволат нивните барањата. Каде бевте да реагирате кога со се амнестираа теористите? Не видовте или не слушнавте? Тогаш седевте во топлите домови и ниту еден збор не изустивте во јавноста. Гледавте сеир и молчевте како риба на суво. Па, оттаму и логично е прашањето дали во тоа време не бевте доволно ,,стимулирани” (па немаше што да враќате) и затоа не ја видовте опасноста од дестабилизација и опасноста за опстанокот на државата?!

Иако најголем дел од Вас ве имам за пријатели и познаници сепак морам да ви кажам дека беше жално да гледа човек како ви се пењават устите од неискреност во тие моменти. Се ставивте во улога на судии и обвинители, а што е уште пострашно се ставивте во улога на делители на народот, а сеуште нема ништо излезено во јавноста.

Онака како што е појдена работава, по се излгеда дека и Вие за некој ден ќе поминете исто како и оние од професорскиот контрапленум. Ќе се срамите сами од себе. Ќе ја наведнете главата и ќе гледате да се сокриете од јавноста. Ама доцна ќе ви биде, зошто од срам не може да се избега.

Јове Кекеновски, универзитетски професор

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Единствена Македонија: На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кекеновски: Укинување на имунитетот на носителите на јавни функции

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

Кекеновски: Да се воведе кризна состојба во целата држава и да се одложат изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев, Кекеновски и „Тврдокорни“ со здружени сили ќе бараат гласови на изборите

Искра Манојлоска

Кекеновски: Како тоа никогаш Северна секогаш Македонија, a Мицкоски не го спречи Преспанскиот договор

Татјана Ташкова