Чисти и суви коловози низ Македонија

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. Наместа влажни коловози има само на повисоките планински и осојничави места.

Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има можност за појава на помали одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија. Оваа информација се однесува само за македонскиот дел од премините.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Магла на патиштата во Струмица и Тетово

Сообраќајот на Плетвар е во прекин поради сообраќајна несреќа

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Изгасната е цистерната, отворен е патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски