Чисти езера и нови зелени катчиња во Скопје ЗОО

Од:

Изминатиот период, вработените во Зоолошка градина Скопје, секојдневно работеа на чистење на езерата, како и уредување на нови зелени катчиња. По повеќе од 13 години беше исчистено големото езеро, а малите езерца добија пролетно чистење по есенската генералка. Беа засадени и преку 200 нови садници- врби, бадеми, лешници, малини како и повеќе видови цвеќиња.

Од неделата, посетителите може да уживаат и во новото катче покрај езерото, каде што се наоѓа и Бродот на радоста. Токму тогаш во Зоолошка, имаше рекордни 18 000 посетители, со што е надмината претходната бројка од 12 000 посетители на почетокот на март.

„ЗОО Скопје ќе продолжи со зазеленување и разубавување на просторот за посетителите и животните. Наша цел е да направиме буквално шума во градот и се стремиме да станеме Еко ЗОО парк“, изјави портпаролот на Зоолошка градина Скопје, Тина Мицковска.

Би можело да ве интересира

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа

ЗОО Скопје добива 7Д Кино

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова туристичка атракција во Скопје – отворен е новиот Дино парк

Ана Ололовска

Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје ЗОО

Ана Ололовска