Четворица осомничени за кражбите во девет цркви и во куќи во Тетовско

Од:

Четири лица, од кои тројца малолетнице се осомничени за 14 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“, кои што биле извршени во девет православни цркви и во пет куќи во текот на јануари и февруари на подрачјето на СВР Тетово.

Како што соопшти МВР, осомничени сторители на кражбите во црквите се двајца малолетници, едниот З.А. (16) од с. Озормиште, тетовско а другиот Н.Р. (16) од Тетово, како и А.А. (18) од Тетово.

– Тројцата се сомничат за тешки кражби во црквите во: селата Фалише, Радиовце, Туденце и во неколку црковни објекти во Тетово, при што биле одземени околу 30.000 денари и две мали икони (од црквата во с. Фалише). Истовремено, овие лица заедно со уште еден малолетник – М.А. (17) од село Озормиште, се осомничени дека се сторители и на петте тешки кражби во куќи на лица што времено се вработени во странство, наведуваат од МВР.

Осомничените насилно влегувале во куќите и одзеле седум телевизори и разновиден алат. Подоцна, украдените предмети ги продавале на други лица. Одземените предмети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици.

Против осомничените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против лице од скопско, расчистени четири тешки кражби

Ги намаливме кражбите, ама и граѓаните треба подобро да се штитат, порачува Спасовски

Жарко Настоски

Дрски скопски крадци влегле преку балкон и ограбиле мајка и ќерка, додека жртвите спиеле

Жарко Настоски

Тројца малолетници осомничени за 12 кражби во Тетово

Штипската полиција фати тинејџер-сериски арамија кој извршил 22 кражби

Жарко Настоски

МВР: Кражба на аптека во скопско, палени контејнери кај пазарот Буњаковец

А1он