Четворица од 13 мигранти повредени во сообраќајката синоќа пренесени на Скопските клиники

Од:

Четворица од 13 мигранти повредени во сообраќајката синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино, пренесени се на Скопските клиники, за МИА потврдуваат од хируршкото одделение при Општа болница Кавадарци.

– Од Итната медицинска помош Неготино ни донесоа 13 мигранти. Еден беше починат, петмина задржавме во оваа болница, а тројца со полесни повреди беа третирани амбулантски. Еден од потешко повредените имаше фрактура на пршлен и крварење во мозок, а друг скршеници на ребра, појаснуваат од болницата.

Сите биле на возраст од околу 22 до 25 години.

Според МВР, товарно моторно возило „фолксфаген фејтон” со мигранти, удрило во товарно моторно возило „сканија“, управувано од 58-годишниот Љ.Д од Кавадарци. Десетмина мигранти биле од Пакистан, а тројца од Бангладеш.

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ