Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Од:

Mомче загина синоќа во тешка сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Нови Пазар – Рашка, додека повеќе лица со повреди итно биле пренесени во болница, објавуваат српските медиуми.

Според првичните информации, трагедијата се случила откако едно патничко возило поради ненадеен дефект застанало на неосветлениот коловоз. Само неколку моменти подоцна, во него со полна брзина удрило друго возило.

Силината на директниот удар била толку голема што едниот автомобил бил целосно уништен, а предниот дел бил целосно смачкан.

За несреќниот млад човек немало спас. Лекарската екипа можела само да констатира смрт на местото на несреќата.

Останатите учесници во несреќата биле пренесени во Општата болница во Нови Пазар, каде што им била укажана лекарска помош. Засега нема официјални информации за степенот на нивните повреди, ниту за точниот број на згрижените пациенти.

Екипите на Итната медицинска помош и полициските патроли веднаш ја блокирале делницата, а сообраќајот бил целосно во прекин за време на повеќечасовниот увид.

Вештачењето и деталната истрага треба да ги утврдат сите околности, како и точната причина за несреќата.

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село