Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Од:

Во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „мазда“ управувано од Д.С.(75) од Кичево и возило „хјундаи“ управувано од А.С.(75) од с.Преглово, Кичевско.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на возило „хјундаи“ А.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мазда“, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „хјундаи“, 15-годишен малолетник од с.Преглово, кичевско и А.А.(21) од с.Пласница, кичевско, констатирани во Медицински центар Кичево и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски