Четири респиратори за Клиниката за детски болести донирани од Словачка

Од:

Четири респиратори кои ќе се користат за лекување пациенти со Ковид-19 хоспитализирани на Клиниката за детски болести беа донирани денеска од владата на Словачка. Апаратите се веќе ставени во употреба, а денеска донацијата беше официјализирана во присуство на заменик-министерот за надворешни работи на Словачка Мартин Клус и словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш.

Клус изјави дека Северна Македонија е меѓу најпријателските земји на неговата, искажа поддршка за нашата европска перспектива и рече дека му е задоволство што денеска присуствува по повод медицинската донација.

– Затоа што за нас е многу важно спасувањето на секој еден живот со овие првокласни респиратори произведени во Словачка. Тоа се фантастични вести, не само за Северна Македонија, туку и за Словачка и нашите граѓани, и јас сум горд поради тоа. Верувам дека ваквата солидарност покажува колку се блиски нашите народи, истакна Клус, додавајќи дека се подготвени и во блиска иднина за каква било солидарност и помош кои се потребни за надминување на ковид-пандемијата.

Би можело да ве интересира

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо