Четири лица тешко повредени во сообраќајка пред Охрид, уште еден повреден од превртен камион

Од:

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид-Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид, се преврте камион, а повреден е возачот кој е префрлен во болница. За оваа несреќа, нема информации дали е предизвикана поради невнимание или е сообраќајка. Инаку, камионот кој учествувал во несреќата е сопственост на компанијата која работи на изведба на патот Кичево-Охрид.

Во одделна сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили во близина на селото Песочан, повредени се четири лица кои со Брза помош се префрлени во охридските болници. Засега нема информација која е причината за сообраќајката, но и каков тип на повреди имаат учесниците во несреќата. Увидот на полицијата трае, по што МВР ќе соопшти повеќе информации.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга