Честитки за изборот на Заев од Генералниот секретар на ОБСЕ, косовскиот премиер и лидерот на опозицијата во Грција

Од:

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер упати честитка по повод изборот на новиот премиер Зоран Заев и за новата Влада на Република Македонија.

Во честитката, како што соопшти службата за информирање на Владата, се истакнува дека новата Влада претставува можност да се забрзаат реформските процеси, како и принципите што ги застапува оваа меѓународна организација, како што се владеењето на правото и функционирањето на демократски и одговорни институции.

– Во писмото со честитки, генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев ја пренесува и подготвеноста на оваа организација целосно да ја поддржи новата Влада на Република Македонија во предизвиците што стојат пред неа во наредниот период, се вели во соопштението.

Поддршка за новиот премиер и за новата Влада на Република Македонија пристигнала и од премиерот на Косово, господинот Иса Мустафа.

– Косовскиот премиер изразува убедување дека Република Македонија со новата Влада ќе обезбеди мирна иднина и просперитет за сите нејзини граѓани и дека Република Косово и натаму ќе биде отворена за развојот на односите меѓу двете соседски земји, соопштува службата за информирање на Владата.

Честитки по повод именувањето на новиот премиер на Република Македонија Зоран Заев упатил и лидерот на најголемата опозициска партија на Република Грција, Кирјакос Мицотакис.

– Господинот Кирјакос нагласува дека изборот на Зоран Заев за премиер отвора ново поглавје кое најавува промени во односите меѓу двете земји. Лидерот на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, во своето писмо со честитки најавува и подготвеност на неговата партија целосно да ги поддржи процесите за стабилност, соработка и економски врски меѓу сите земји во регионот, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Предраг Петровиќ

Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз партијата

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи