Честитки од Иванов и Вељановски по повод еврејскиот празник Рош Хашана

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов по повод големиот празник Рош Хашана и одбележувањето на почетокот на 5773 година според Еврејскиот календар упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Бјанка Суботиќ.

Ви посакувам празничните мигови да ги поминете во добро расположение, здравје, среќа и духовен мир, со нова надеж која се обновува со почетокот на секоја нова година. Република Македонија е особено горда на припадниците на Еврејската заедница кои се вградија во македонската земја, историја, традиција и култура уште од најраните времиња. Повеќе од уверен сум дека припадниците на Еврејската заедница и понатаму ќе продолжат да го даваат својот активен придонес за развојот и за напредокот на нашата заедничка татковина Македонија, вели Иванов во честитката.

Со желби за мир, благосостојба и просперитет на секое поле, претседателот Иванов од свое лично име и од име на граѓаните им ја честита новата 5773 година на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по повод празникот Рош Хашана упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Бјанка Суботиќ.

Во честитката тој од свое лично име и од името на пратениците во македонското Собрание им го честита празникот Рош Хашана, кој ја одбележува новата година според Еврејскиот календар, на сите припадници на Еврејската заедница.

– Придонесот на Еврејската заедница во Република Македонија е голем и значаен во зачувувањето на меѓучовечкото разбирање, толеранција и соживот меѓу сите ентитети во Република Македонија. Денешниот празник Рош Хашана, Нова Еврејска година, да ни даде нова надеж и доверба во заедничката иднина со што ќе продолжиме кон создавање проспоритет и благосостојба во Република Македонија. Со почитување на религиските и културните посебности создаваме светла иднина за идните генерации, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска