ЧЕСТИТКА

Од:

Би сакал на сите кандидати за градоначалници на “најрегуларните” локални избори да им ” посакам ” многу несреќа и воедно да им ги честитам победите.

Прво ке започнам од Г-динот Пишев кој сега може мирно да спие бидејќи најопасниот конкурент го имаше токму тој, а тоа е веќе градоначелничката легенда Зоран Заев. Единствениот начин за да го “победи” беше и го направи тоа што требаше , а тоа е да клекне на колена и со солзи во очите да го моли да се одкаже од кандидатурата. И етеееее Заев како вистински џентлмен му ја исполни желбата. Е па ај со среќа Писев и да се ненадеваме дека ке ги добиеш изборите.

Втората честитка е до Виктор Цветковски, одпадникот од СДСМ, кој, најверојатно секој ден одел в црква и носел не едно шише, туку картони зејтин за Циц да се одкаже. Па ете Викторе, ти се исполни желбата. Ама прасање е дали ке победиш.

Големата опасност за Велес, Аце Коцевски се откажува и кандидатот од ДПМНЕ може раат и тој да спие оти ке тепа, ако победи.

Еееееееееееее Владо, Владо , колега ти заедно со Марјана Ристески ке влезете во историјата на вашата ” демократија” со по трет мандат. Уништивте што имаше за ништење и како награда, оп, трет мандат. Ај нека ви е со среќа ако воопшто победите.

Штипјани дпмнеовци му се плашевте на Здравко Коцев и пусти Здравко се сожали и си рече ај нека си поиграат децана од ДПМНЕ и нека се порадуваат малку. И тој се одкажа и ви дозволува дпмнеовци да изгубите од самите себе си.

Само ми е жал за Јагнула. Таа ни крива ни должна мака ке мачи. Ама Јагнулче не се секирај и ти и твојот против кандидат, незнам како се викаше, ке изгубите.

Тодоровиќ кој два дена пред да го промовираат ми рече дека му е доста од таа функција и се повлекува кога оп ете ти го и него. Владо, брате ако се одкажа Жерновски пак ке ти дише во врат. Ај честито пораз.

За западните кандидати да не зборувам тие со убавите УЧК СТРУКТУРИ си ја наредиле работата и лесно им е да бидат од западната страна на федералната ни држава. И исправни се тие бидејки сите сакаме на запад а тие предничат. Тие се нашата авангарда. Браво, аферим.

И да не ги редам понатаму само ке ги прашам сите на купче и спомнати и неспомнати дпмнеовци на што се надевааат, што очекуваат? Да победат?! Па добро нека и победат, ама тоа ке биде Пирова победа ( ако незнаат каква е таа победа нека читаат малку античка историја т.е. нивна историја). И на што ке се радувате бе недоквакани едни, на што?! На тоа дека сте биле во трка сами со себе си?! На тоа ли? Е гревчиња немои кај ке ви оди душата? Дали немате ниеден роднина што се борел за слободата на ова убаво парче земја наречена Македонија? Зарем немате ниеден војвода, комита во фамилијата? АУ, да бе, вие го имате Симеон Радев, Ванчо Михајлов…………. плус глумите дека го имате и Ѓорчета, Јанета, Димитар Влахов, Димо Хаџи Димов. Ама вие сте лоши глумци, одвратни и тие вас ве немаат. Кај ке ви оди душата бе патриотчиња?

Сега вториот дел а тоа е за гордоста.

Горд сум што го познавам Зоран Заев. Горд сум што го познавам Циц. Горд сум што го познавам Аце Коцевски. Горд сум дека пред некој ден прв пат се видов со тепаниот пратеник Митре Вељаноски а се изпоздравивме и изгушкавме како да се знаеме од деца. Горд сум што го познавам Хари и кој што ми е многу близок и со кого ке бидам секогаш. Горд сум на сите оние кој застануваат на браникот на историјата и продолжуваат да ја пишуваат. Ке бидам уште погорд ако и мене ме примат да ја пишувам заедно со нив.

Сите честитки, ама овој пат искрени до сите вас ОТПОРАШИ, кои не потклекнувате пред опасноста туку сето ова го сваќате како предизвик за уште посилен и помокен отпор. Почнав со вас, и ке бидам со вас и ке бидам па макар овие вампириве да ми ја цицаат крвта. Без гајле имам доволно крв за сите вас. Ама вампирчиња. пазете да не стане мојата крв отровна за вас.

И на крај сакам да му се обратам на Бране.

Бране пријателе, многу работи поминавме заедно во првите години. Си се наоѓавме еден на друг, додуше ти повеке, ама и ја изгубивме комуникацијата. По чија вина не е важно. Зошто ти го пишувам ова?! Па само заради една анти реклама која ти ја смести ДПМНЕ односно нивниот сектор за лаги и манипулации. Имено ти пуштија кадар кај што ставаш цигара во уста, демек ја труеш околината. Арно ама превидоа само нешто, твојот поглед кој што повторно ме освои и ме натера иако постар да ти се приближам. Тој поглед покажа решителност. Тој поглед прати отровни стрели. Е тоа средношколците од ДПМНЕ не го видоа, не го проанализираа. И како да видат кога толку им сечи умот. Бране, пријателе од денес па натаму имаш кој да ти го чува грбот.

Во мојата последна колумна им се обратив на НЕОПРЕДЕЛЕНИТЕ и на ИСПЛАШЕНИТЕ. Ќе се повторам: Неопределени нема затоа што секојдневно ми приоѓаат и ја пронаоѓаат вистината во ОТПОРОТ. Драги уплашени немојте да бидете кукавици и немојте да умирате секој ден. Сега е време на ХРАБРИТЕ а тие во животот умираат само еднаш.

Приклучете му се на ОТПОРОТ. БИДЕТЕ ЕДНИ ОД ТИЕ КОИ КЕ МУ СЕ ПРИКЛУЧАТ И НА БОЈКОТОТ.

Марин Гермов

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска