Честитка од Зоран Заев до Бошњачката заедница во Р.Македонија

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците на сите граѓани – припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.

„Бошњачката традиција е значаен дел од богатото културно наследство во Република Македонија. Заедништвото и меѓусебното разбирање се наши определби на патот кон градење на држава за сите граѓани. Активниот придонес на Бошњаците во развојот на Република Македонија, преку нивната грижлива посветеност кон менување на состојбите во државата кон подобар живот е придобивка за сите граѓани на Р.Македонија. Заедно да ги негуваме и почитуваме различностите коишто се наши придобивки со кои треба да се гордееме.“

Заедно да се стремиме кон создавање на подобар животен стандард за граѓаните и напредок на државата.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%