По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите верници од исламска вероисповед упати честитка.
– Најискрено Ви посакувам празникот да го поминете во духот на среќа, хармонија и споделување љубов со ближните, како и почитување и разбирање на заедничките вредности за хуманизам, помагање и солидарност. Нека празникот Ви донесе добро здравје, радост, општа благосостојба и мирен духовен живот, се вели во честитката.
Со почитување на верската различност и негување на меѓусебната толеранција, како што се наведува, да останеме и понатаму цврсто обединети во заедничкиот стремеж за градењето соживот и разбирање меѓу различните вери и етникуми во Република Македонија.