Честитка од Заев по повод 8. септември

Од:

Почитувани сограѓани, Македонија е наше вчера, денес и утре, наш дом, наша љубов и верба… Македонија е аманетот кој го наследивме и аманетот кој ќе им го оставиме на нашите чеда.  Македонија е местото каде што си тежи нашиот камен. За таа Македонија се мечтаело, во таа Македонија се верувало, за таа Македонија, со пот, солзи и крв се напишани страници и  страници богата историја.

8. Септември е еден од поновите, но еден од најсветлите датуми од таа историја, денот кога граѓаните на Македонија го кажаа своето непоколебливо референдумско ДА за независност на својата татковина.

Она што за многу генерации Македонци беше само недосонуван сон, за нас е едно убаво јаве кое трае веќе 23 години. Самобитноста на родната ни земја треба да се слави, да се почитува, но и да се негува за да се сочува за вечни времиња. Ако вистински ја сакаме Македонија и ако дадеме несебичен влог за нејзин мир, благосостојба и просперитет, тогаш ќе си го заслужиме неограничениот рок на нашата гордост.

Нека ни е честит Денот на независноста на татковината.

Нека ни е благословена и вековита Република Македонија, се вели во честитката на Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Заев: Груевски не знае што да прави со себе, мора да си најде хоби

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев