Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Денот на сесловенските просветители

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Република Македонија им го честита државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Македонија денес го чествува ликот и делото на сесловенските просветители кои, се подвлекува во честитката, оставија траен белег не само во македонската култура и историја, туку и во европската цивилизација.

– Нивниот придонес во описменувањето и културното издигање низ Европа е дело должно за почит. Македонија е особено горда на фактот што искрата на сесловенското просветителство започна од тука. Светите Кирил и Методиј со своето лик и дело вечно ги задолжија сите словенски народи и воопшто, европската и светската култура и цивилизација. Наша обврска е да го продолжиме нивниото дело, да продолжиме да го негуваме и зачуваме нашиот јазик, традиција и идентитет. Сите ние имаме аманет да дадеме свој придонес и во ова време за преку развојот и промоција на образованието и науката, да продолжиме по патот кој тие ни го дадоа и понатака да придонесуваме кон збогатување на културната ризница на Европа, стои во честитката од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска