Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември.

– Богатството на Македонија и нејзината уникатност ја прави нејзината културна разноликост во која Бошњаците даваат свој огромен придонес со својата култура и традиции. Бошњаците во Република Македонија се нејзин нераскнилив дел и тие низ годините во минатото покажале дека се важна нишка која придонесува за јакнење на меѓусебната толеранција, разбирањето помеѓу граѓаните и изграбата на едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, пример за земјите од регионот и пошироко, стои во честитката.

Во неа се додава дека бошњачката заедница  давала и во иднина ќе дава огромен културен и економски придонес во развојот на нашата заедничка татковина, со цел изградба на напредна и стабилна Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска