Честитка од Велјаноски за Рамазан Бајрам

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи по повод празникот Рамазан Бајрам.

„ Имајќи во предвид дека Рамазан е најсветиот месец во исламот, време на духовно и телесно прочистување, посакувам на Вас и на Вашите семејства да Ви донесе мигови на среќа и благосостојба. Испраќајќи Ви најискрени честитки, ја изразувам својата убеденост дека овој значаен исламски празник, заедно со заложбите на Исламската верска заедница придонесуваат за поголема религиозна и етничката толеранција, како и меѓусебното почитување, кои не обединуваат во заедничкиот стремеж за просперитетна иднина и благосостојба на сите граѓани на Република Македонија“, се вели во честитката Велјаноски.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска