Честитка од Вељаноски по повод Националниот ден на Власите

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски им го честита на сите припадници на влашката етничката заедница 23 Мај – Националниот ден на Власите.

Со одбележување на овој ден, се истакнува во честитката од Вељаноски, се афирмира идентитетот и културата на влашката заедница во Македонија која е постоечка во нашето мултиетничко општество и ги претставува добрите историски односи кои ги негуваат Македонците и останатите етнички заедници.

– Можам слободно да истакнам дека почитувањето на традиционалните вредности и меѓусебното разбирање е заеднички залог за благосостојбата и просперитет на нашата држава, во која и вие како влашка заедница со вашите лични успеси придонесувате, истакнува претседателот на Собранието.

Вељаноски во честитката по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите изразува уверување дека определбата ни е заедничка, во градење на европска и демократска Република Македонија во која се промовира недискри­минацијата и се овозможува еднаквост за сите граѓани. Нека ви е честит празникот.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска